Продолжува сувото и стабилно време

0
105

Под влијание на Антициклон, до крајот на оваа, како и во најголем дел од следната седмица во Македонија продолжува стабилното, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.

Во недела особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата. Само понекаде тие ќе се спуштаат малку под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак на многу места ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, особено за време на овој викенд, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.