ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко кој спротивно на сите процедури е последниот во низата белосветски криминалци на кој под крајно сомнителни околности власта на СДС му даде македонски пасош, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Ова е последица на нездравиот амбиент, поделбите и омразата кој подолго време се креира од власта.

Со анонимноста и тајноста на целиот случај, власта создава контраверза и замешателство во креирањето на истиот.

Ваквиот меѓународен скандал покажува дека власта која се удира во гради за ЕУ и САД, зад грб работи против нивните интереси кога тоа е врзано за пари и интереси.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се расветли целиот овој случај обвиен со контраверзи.

извор: ВМРО ДПМНЕ