ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 15 ноември

1492 Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент – Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.

1577 Сер Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Интересно е дека токму Дрејк го пренесе компирот од Америка во Европа, во 1596 година.

1920 Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.

1944 Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

1988 Палестина е прогласена за независна држава.

1994 Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.

1995 Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир.

2001 Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.

2002 Заврши пописот на населението.

2003 Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија.

2004 Премиерот Хари Костов поднесе оставка.

2012 Си Ѓинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија