Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на тв 24
Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, објави ТВ 24. Пенов ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвинителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот.
Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално а потоа физички го нападна. Исказ во полиција даде и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој беше истотака цел на вербален напад од Пенов.
извор: ТВ 24