Експлодира автомобилот на Џеј Лено – откажани се сите негови планирани проекти тој тврди: Добро сум, само ми требаат недела, две да се опоравам

Водителот Џеј Лено се здоби со сериозни повреди откако експлодира еден од неговите автомобили, пренесе TMZ. Според таблоидот, Лено се наоѓал во гаражата во која чува колекција автомобили, а во еден момент дошло до експлозија.

Според Reuters, Лено се здобил со сериозни повреди на левата страна на главата, но за среќа не му се повредени окото и увото. Моментално се наоѓа во болница каде неговата состојба постојано се следи. Хоспитализиран е во болница за пластична хирургија во Лос Анџелес.

Откажани се сите негови планирани проекти и ангажмани.

Во соопштение, Лено наведе дека има сериозни изгореници од несреќата.

„Добро сум, само ми требаат недела, две повторно да застанам на нозе“, наведе тој.

Седумдесет и двегодишниот комичар поседува колекција од околу 286 возила, меѓу кои има мотоцикли и автомобили.

Тој е еден од најгледаните водители на ноќни програми во САД. Во 2015 година почна да води свое шоу „Jay Leno’s Garage“ на CNBC, а во 2021 стана водител на емисијата „You Bet Your Life“.

фото:

Architectural Digest