Рускиот народ за нас е братски и вековната историја го докажала тоа многупати, а руско-српските односи не може да бидат уништени под никаков притисок, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со Турко Даудов, пратеникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, објави порталот „Грозни-информ“.
Кабинетот на Вучиќ не објави соопштение за таа средба, а Даудов, претставен како советник на шефот на Чеченската Република за арапски и муслимански земји, на „Инстаграм“ соопшти дека завчера се сретнал со српскиот претседател, објавувајќи заедничка фотографија со Вучиќ.
На фотографијата со Даудов, Вучиќ е облечен во чеченска традиционална национална наметка, во раката држи шубара и подароци добиени од Кадиров, кои ги донел неговиот советник и пратеник.
На почетокот на средбата Даудов ги пренесе поздравите на шефот на Чеченската Република до претседателот на Србија и српскиот народ, а на крајот на средбата на Вучиќ му врачи национална наметка и капа посочувајќи дека „силата на Србите е слична на суровиот карактер на планинарите“.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, а стотици чеченски доброволци се борат во војната во Украина која Москва ја нарекува специјална воена операција.
фото: Принтскрин/Инстаграм – Турко Даудов