„Тој е дете кое сакав да го абортирам“ открива мајката од Роналдо

Мајка му е на прво место – Кристијано Роналдо ја остави најубавата жена на светот кога таа му побара да бира помеѓу неа и мајка му.

Еден од најуспешните фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, никогаш не криел дека неговото семејство е на прво место. Една од главните улоги во неговиот живот ја игра неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Авеиро.

Роналдо никогаш не бил близок со својот татко и вели дека тој е виновен за тешкото детство. Имено, неговиот татко починал на 53-годишна возраст од последици на зависност од алкохол. Во тоа време Кристијано имаше 20 години и играше за Манчестер Јунајтед.

„Беше секогаш пијан. Никогаш не сум имал нормален разговор со него“, изјави Роналдо во едно интервју.

Фудбалерот пораснал со својот постар брат Хуго, сестрите Лилијана и Елма, а во документарецот за Роналдо, неговата мајка изјави дека додека била бремена со Кристијано размислувала за абортус.
„Тој е детето кое сакав да го абортирам. Среќна сум што не се случи тоа и што Господ не ме казни“, призна таа тогаш.

 

maskimagazin.mk