Почина американскиот рапер Кулио: светска слава стекна со култниот хит „Gangsta’s Paradise“

0
260

Познатиот рапер Кулио почина на 60-годишна возраст во Лос Анџелес, потврди неговиот менаџер. Причината за смртта засега не е откриена.

Уметникот, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, починал во домот на пријател, изјавил за АП неговиот долгогодишен менаџер Џарез Пози.

Кулио стекна светска слава по објавувањето на огромниот хит Gangsta’s Paradise во 1995 година, за кој беше награден со Греми за најдобра соло рап изведба.

 

24sata.hr