(ВИДЕО) Хаос во Риека: Загина маж, поплавени бројни институции, издадено е метео предупредување

0
323

Државниот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за денеска. Имено, најмногу врнежи се очекуваат во Риека и Госпиќ

Силно невреме со грмотевици ја погоди областа Риека во средата. Големи количества дожд предизвикаа поројни поплави на улиците на Риека, а еден маж загина во поројот што го однесе.

Невозможно е да се процени причинетата штета, но застрашувачката снимка покажува колку е катастрофална состојбата на теренот.

Бројни згради беа поплавени и уништени; Полициски штаб, штаб на пожарникари, зграда на ректорат, прва хрватска гимназија во Риека, детска куќа, шеќерна палата, ММСУ, основно училиште Вежица, Трсат и многу други.

Особено тешка била ситуацијата во центарот на градот каде, меѓу другото, дошло до драматична ситуација во игротека од која пожарникари и насобрани граѓани спасувале исплашени деца. Имено, во еден момент собата почнала да се полни со вода. Пожарникарите успеале да ги извлечат децата и сите се добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sata (@24sata.hr)

24sata.hr