Мицкоски: Инфлацијата не е увезена, туку власта е неспособна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република говореше за високата инфлација во земјава за која рече дека иако власта се обидува да релативизира дека е увезена, тоа лесно се докажува дека не е така со самиот факт што во Европска Унија како најголем трговски партнер инфлацијата е двојно пониска.
„Многу едноставно тоа се докажува. Еве ќе ви дадам еден пример. Власта вели дека е увезена. Како ако е увезена, наш најголем трговски партнер е ЕУ, како може ако е увезена инфлацијата во Европската Унија да е двапати помала од инфлацијата во Македонија. Таму е околу 10%, кај нас е околу 20%. Сите имаат помала од нас, ние имаме убедливо највисока инфлација, а тоа значи дека се неспособни“, истакна Мицкоски.
Тој исто така додаде дека власта при креирање на буџетот планира значително зголемување на приходната страна, а тоа го темели на дополнителни даноци на стопанството и граѓаните.

„Сега го креираат буџетот за следната година, за 2023 година и велат дека ќе имаат буџет историски во делот на расходите од 5,3 милијарди евра ако не се лажам, но исто така и во приходната страна, односно тоа што го собираат од граѓаните и од стопанството ќе биде исто така рекордно висок. И сега како они калкулираат дека ќе имаат дополнителни приходи? Викаат поради високата стапка на инфлација која што ја предвидуваат на 7,7% и поради тоа што они предвиделе 2,9% раст на македонскиот БДП што ќе стимулира потрошувачка, граѓаните ќе трошеле повеќе демек пари. Видете како размислуваат, БДП 2,9 и инфлација 7.7, тие ќе имале поголеми приходи во буџетот од ни помалку ни повеќе 400 милиони евра. Но тие 400 милиони што се пари поради инфлацијата од граѓаните поради нивната лоша политика оваа година, они очекуваат пари следната година, повеќе арач од граѓаните. Toa e 400 милиони евра. Потоа велат 80 милиони евра е заемот, односно грантот кој што ќе го добиеме од ЕУ, односно нето е 65 бидејќи се споредува со претходната година кога имало 15 таков грант, сега ќе има 80 значи нето е 65 и одтанатите до 500 и 50-60 милиони дополнителни приходи се од даноци. Кои даноци? Данокот на личен догод и скалестото оданочување. Затоа треба сериозно бизнис заедницата и стопанските комори да се позанимаваат, а ние како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден имавме седница на Извршниот Комитет и донесовме заклучок дека во периодот што следи кога ќе се отвори дебатата за буџетот итно ќе побараме состанок со раководството на стопанските комори бидејќи Владата не ги запознала, сакаме да ги запознаеме врз основа на што ја темелат зголемената приходна страна, односно како планираат да ги зголемат приходите во буџетот, тоа значи дополнителни даноци за стопанството. Е сега ако на стопанството му одговара да има дополнителни даноци, тогаш тоа е одлука на стопанството, потенцираше Мицкоски.

извор: ВМРО ДПМНЕ