Фокус: Нов скандал го тресе Град Скопје – Синџир со катанец го пречекал Славески на еден од влезовите во бараките

0
402

Нов скандал во Град Скопје го тресе Советот со кој управува Трајко Славески, неофицијално дознава  „Фокус“..

Порталот пишува дека од пред два дена комплексот бараки на Град Скопје е закатанчен и дури и на претседателот на Советот му е забранет службен влез, па и тој мора да се најавува како сите гости кои доаѓаат во посета кај него.

Па така, самиот претседател на Советот пополнува образец на име Трајко Славески, како граѓанин кој оди во посета кај претседателот Трајко Славески, а потоа на заминување го враќа образецот на пртирница потпишан од „органот“ што го примил, т.е. самиот тој.

Ова е сигурно наредба на Данела Арсовска. Ништо не може да се направи без нејзино знаење, вели Славески во изјава за  „Фокус“.

извор:  „Фокус“.