Откако Владата не успеа да го скрши штрајкот на СОНК и покрај сите притисоци, Владата измисли социјален дијалог преку омилениот синдикалец Дарко Димовски кој ќе прифати се што ќе му биде кажано од владата. Очигледно е дека Владата и Ковачевски неспособни да излезат во пресрет на легитимните барања на КСС и СОНК си најде своја синдикална дружина која перфектно се согласува со се што ќе кажат од владата и покрај недостоинствените плати и тежок животен стандард. Нивната цел е да го минираат синдикалното движење и по извесен период омилениот синдикалец на Ковачевски Дарко Димовски да излезе задоволен и прифати се што владата ќе понуди, но и одблиску незадоволувајќи ги барањата на работниците за повисоки плати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Таквата измама на владата нема да ги реши, туку ќе ги продлабочи проблемите на работничкото движење. Таквата измама не смее да помине.
На наставниците и просветниот кадар не им требаат трошките кои ги фрла омилениот синдикалец на власта, туку вистинско покачување согласно Колективниот договор во образованието.
Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник.
Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач, ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари согласно колективниот договор кој што го имаат потпишано со синдикатот и коефициентот на сложеност на тоа работно место треба да изнесува 41.256 денари нето.
Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.
Ова беше опфатено и во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ ги одби, а се права кои ги следуваат наставниците.