Австрија воведува дополнителен данок на добивката на енергетските компании

Австрија ќе воведе дополнителен данок на добивка на енергетските компании, соопшти синоќа Министерството за финансии на оваа европска земја, известува Агенција Анадолија (АА).

Данокот на добивка, што ќе се наплаќа на големите добивки, ќе изнесува до 40 отсто за компаниите што се занимаваат со нафта и природен гас.

Ќе се применува на добивката на компаниите за нафта и природен гас за 2022 и 2023 година, која е за 20 отсто над просекот во периодот од 2018 до 2021 година.

Висината на данокот може да се намали на 33 отсто доколку компанијата инвестира во зелена енергија.

Овој потег е дел од договорот на ниво на цела Европска Унија, со кој се има за цел прераспределба на дел од вишокот на профитот на енергетските компании.

Заработката на енергетските компании оваа година нагло порасна откако војната што Русија ја води против Украина предизвика раст на цените на енергијата.

Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер истакна дека ова е важен чекор што ќе придонесе за поголема правдина.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).