Авион на аеродром во Перу удри во камион, загинаа две лица

0
302

Две лица ги загубија животите кога патнички авион по слетувањето на аеродром во Перу удри во камион што се наоѓал во близина на пистата, известува Агенција Анадолија (АА).

Авион на „Латам ерлајнс“ удри во камион по слетувањето на Меѓународниот аеродром „Хорхе Чавез“ во главниот град Лима.

Според првичните информации, во несреќата животот го загубија две лица. На тоа подрачје упатени се голем број противпожарни и спасувачки екипи.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како по судирот со камионот, од моторот на авионот се издига дим.

Во соопштението на аеродромот се наведува дека десното крило на авионот удрило во камион и дека во тек е истрага за причините за несреќата.

Луис Понсе ла Хара, шефот на противпожарната екипа на Перу, објави дека во судирот животот го загубиле двајца пожарникари.

Официјалните лица не дадоа информации колку патници имало во авионот и колкумина се повредени.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Илустрација Агенција Анадолија (АА).