Маск го врати профилот на Трамп на Твитер

0
138

Илон Маск, новиот шеф на Твитер, објави дека ќе ја врати сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранета од социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.

„Народот го кажа своето. Трамп ќе биде вратен“, напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата објавена меѓу неговите претплатници, кои гласаа „за“ враќање на републиканскиот политичар на платформата на Твитер.

Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, а тесно 51,8 отсто гласаа за враќање.

По објавата на Маск дека „народот го кажа својот збор“, на оваа социјална мрежа повторно се појави профилот на Трамп и на него се достапни стари објави на поранешниот американски претседател.

Претходно во текот на денот, Трамп не изгледаше премногу ентузијастички за неговото враќање на неговата некогаш омилена социјална мрежа.

„Не гледам причина за тоа“, рече поранешниот претседател преку видео на прашањето дали планира да се врати на Твитер на панел на годишниот лидерски состанок на Републиканската партија.

 

makfax.mk