Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала во Јадранот

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на италијанскиот брег во Јадранското Море околу 06:20 часот, јавува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

 

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 57 километри од градот Римини и 21 километар од градот Фано.

 

 

24sata.hr