(ФОТО) Се омажи внуката од Бајден, Наоми Бајден

По долго време, во резиденцијата на претседателот на Америка се организираше венчавка, а главниот впечаток го остави невестата со нејзиниот моден вкус…

Вчера во Белата куќа беше организирана голема венчавка по 19-ти пат во историјата на ова здание, а судбоносното „да“ го изговори Наоми Бајден (28), внуката на претседателот на Америка, Џозеф Бајден.

Таа се омажи за Питер Нил (25), правник и истакнат млад политичар, кој уште во текот на вториот мандат на Обама работеше како приправник во Белата Куќа.

Двојката беше стилизирана од страна на американската модна куќа „Ralph Lauren“, а и невестата и младоженецот се одлучија за класика. Додека Нил носеше едноставен костум со елек и темна вратоврска, невестата денес е главна тема на сите модни портали – и тоа со причина!

Наоми Бајден се одлучи за вонвременско издание, а нејзината венчаница е изработена по мерка и украсена со тантела, материјал кој во изминатите 10 години го претпочитаат модните дизајнери кои создаваат венчаници, предводени од Вера Венг и Кенет Пул.

Дизајнот го карактеризираат и рачно поставените ливчиња од органза и раскошниот вел долг неколку метри.

Рамената и вратот се прекриени со чипка,а таа ненамитливо се пружа и низ остатокот од фустанот и слоевите свила и тул. Наоми се определи за долги ракави и балски крој, а иако е многу едноставна, ова е една од наубавите венчаници на познатите оваа година и без сомнеж традиционална креација за оваа сезона.

 

Instagram