(ФОТО) Пронајден чуден антички тунел во Египет „инженерско чудо“

0
223

Археолозите  открија огромен, спектакуларен тунел под храм во античките урнатини на градот Тапосирис Магна на египетскиот брег, кој експертите го нарекоа „геометриско чудо“.

Археологот Кетлин Мартинез од Универзитетот во Санто Доминго во Доминиканската Република и нејзините колеги пронашле тунел висок 2 метри на 13 метри под земја. Неговиот дизајн, според египетското Министерство за туризам и антиквитети, има неверојатна сличност со тунелот Еупалинос долг 1.036 метри – аквадукт од 6 век п.н.е. кој се наоѓа на грчкиот остров Самос.

Тунелот Еупалинос често се нарекува инженерско чудо бидејќи бил невидена градба во времето на нејзината изградба. Иако тунелот Тапосирис Магна не е прв од ваков вид, неговата конструкција е подеднакво импресивна. Иако неговата структура наликува на онаа на Самос, се уште не е познато која е неговата точна функција, пишува Science Alert.

Мартинез, која од 2004 година работи на локалитетот Тапосирис Магна и ја бара изгубената гробница на Клеопатра, верува дека е на вистинскиот пат. Имено, претходните ископувања открија траги кои се чини дека укажуваат на познатата египетска кралица.

 

Taposiris Magna е основана околу 280 година п.н.е од Птоломеј II, син на Александар Македонски и еден од предците на Клеопатра. Археолозите веруваат дека храмот во градот бил посветен на богот Озирис и божицата Изида – која ја обожавала Клеопатра. На тоа место се пронајдени и монети со имињата и ликовите на Клеопатра и Александар Македонски, како и фигурини на Изида.

 

index.hr