Роналдо прв со 500 милиони следбеници на Инстаграм

0
147

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо денес стана првата личност која достигна 500 милиони следбеници на Инстаграм, јавува Агенција Анадолија (АА).

Најблиску до неговата бројка на следбеници е Лионел Меси, кој моментално на оваа социјална платформа има 376 милиони следбеници.

И двајцата играчи имаат повеќе следбеници од светски познатите личности како Кајли Џенер, Селена Гомез и Двејн Џонсон.

Кајли Џенер има 372 милиони следбеници, четири милиони помалку од Меси.

Селена Гомез ја следат 357 милиони луѓе.

Двејн Џонсон има 348 милиони следбеници на Инстаграм.

 

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).