Индонезија: Во тек акциите за спасување по разорниот земјотрес

Во тек се акциите за спасување на луѓето затрупани под земја по разорниот земјотрес во Индонезија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Државната агенција за управување со катастрофи вчера објави дека 162 лица загинале во земјотресот со јачина од 5,6 степени.

Гувернерот на Западна Јава, Ридван Камил, соопшти дека во земјотресот што го погоди Чианџур повредени се над 700 лица.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека земјотресот бил почувствуван и во Џакарта и во други региони, вклучувајќи ги Ранчаекек, Јужен Тангеранг и Депок.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).