ЦУК: 16-годишно девојче извлечено од провалија во околината на Струмица

0
39

Од провалија во близина на манастирот „Свети Илија“ во Струмица доцна синоќа е извлечено 16-годишно девојче, кое веднаш е пренесено во струмичката болница, информира Центарот за управување со кризи.

Оттаму велат дека кај нив случајот го пријавила нејзината мајка во 20:30 часот на телефонскиот број 112 која рекла дека не ја знае точната локација каде се случила несреќата.

Воедно известила дека ќерка ѝ има повреди на главата. Од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш упатиле повик до СВР Струмица, Противпожарните екипи на Струмица и Итната медицинска помош кои веднаш се упатиле на местото на несреќата.

Откако успеале да воспостават гласовен контакт со девојчето го извлекле, а со оглед на повредите малолетничката веднаш била пренесено во струмичката болница.