(ВИДЕО) Прекинат натпреварот Германија – Данска поради удар на гром

0
46

Натпреварот меѓу Германија и Данска во осминафиналето на Европското првенство беше прекинат на крајот од првиот дел поради лошото време.

Дуелот започна во пријатни временски услови, но набрзо се се промени. Се играше во 35. минута кога се слушна силен удар, а се испостави дека се работи за удар од гром кој исплаши неколку навивачи и играчи.

Следеа громови и силен дожд, по што судијата Мајкл Оливер реши да ја прекине играта и да ги повлече играчите во соблекувалната.

Официјалното објаснување е дека играта е прекината поради лошите временски услови, што е доста ретко, особено на ова ниво на фудбал.

Инаку, 36. минута се играше при прекинот, а резултатот беше 0:0 и покрај одличните можности за Германија, која доминираше од самиот почеток.