Роналдо e исфрлен од Манчестер Јунајтед

0
285

Манестер  Јунајтед соопшти дека го раскинал договорот со Кристијано Роналдо. Тоа е очекуван епилог од долготрајната расправија меѓу еден од најдобрите напаѓачи во историјата и еден од најтрофејните англиски и светски клубови. Претходно веќе се шпекулираше дека Роналдо го одигра последниот натпревар за Јунајтед.

 

„Кристијано Роналдо го напушта Манчестер Јунајтед со взаемна согласност со моментален ефект. Клубот сака да му се заблагодари за огромниот придонес во двете периоди на „Олд Трафорд“, постигнувајќи 145 гола на 346 натпревари, и му посакува добро на него и на неговото семејство во иднина. Сите во „Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг и соработка за постигнување успех на теренот“, се вели во соопштението.

Клубот ангажираше работници минатата недела да ги отстранат огромните плакати на Кристијано Роналдо од предниот дел на Олд Трафорд, откако Португалецот се нафрли на клубот во кој се врати минатата година во интервју за Пирс Морган.

 

“Манчестер Јунајтед ме изневери, од мене направија црна овца. Немам почит кон Ерик тен Хаг бидејќи ниту тој нема почит кон мене. Луѓето мора да ја знаат вистината. Јунајтед сакаше да ме брка. Не само тренерот туку и луѓето околу клубот. Се чувствував предаден. Некои луѓе не ме сакаа во Манчестер Јунајтед, не само оваа сезона, туку и минатата“, рече Роналдо и продолжи:

“Нема напредок откако дојдов. Откако си замина Сер Алекс, клубот воопшто не еволуираше. Ништо не се промени. Навивачите треба да ја знаат вистината. Го сакам најдоброто за клубот и затоа дојдов, но некои Работите внатре во клубот не му помагаат да дојде до нивото на кое се Сити, Ливерпул и сега Арсенал. Ваков клуб треба да биде на врвот, но во моментов не е“.

 

index.hr