Една година од автобуската несреќа на автопатот Струма

Амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, оддаде почит на 45 македонски државјани кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма, пред точно една година.

Придружувана од заменик-амбасадорот, Владимир Крстевски и други претставници на Амбасадата во Бугарија, Руси-Поповска положи букет на местото на несреќата.

Сите бугарски централни и регионални медиуми денеска со посебни прилози потсетуваат на овој трагичен настан, а во некои има и изјави на роднините на загинатите, кои го поставуваат прашањето за одговорноста.

Бугарскиот адвокат на роднините на починатите државјани на Северна Македонија го поставува прашањето за квалитетот на автопатот Струма и стабилноста на заштитните огради.

Во автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски државјани, кои се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс”.

 

telma.mk