Роналдо се расплака пред натпреварот помеѓу Португалија и Гана

Португалија игра против Гана во првото коло на Светското првенство, а текстуалниот пренос од натпреварот можете да го проследите овде. Кристијано Роналдо (37) го игра последното Светско првенство во кариерата. Ова му е петти пат како учествува на Светско првенство, а во Катар се надева дека ќе го освои златото како капитен.

Роналдо во кариерата одигра 191 натпревар за Португалија и постигна 117 голови, а деновиве го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и моментално е слободен играч. Во пресрет на натпреварот против Гана, Роналдо заплака за време на интонирањето на португалската химна, што ги потврдува неговите неодамнешни изјави дека ова му е последно Светско првенство.

 

 

index.hr