Самарџиќ првпат проговори за загубата на синот: „Беше голем шок!“

 

Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колку голем ќе беше да останеше жив, но тоа е животот, изјави музичарот Жељко Самарџиќ (67) за својот покоен син.

Синот на Самарџиќ се викал Златко, а починал на три месеци.

– Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи се. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам. Како семејство сите отидовме од Мостар во Никшиќ да ги правиме овие ритуали – изјави Жељко за Блиц.

Тој додаде дека човек никогаш не знае што може да му се случи во животот.

 

– Одиш по улица, те удира автомобил, а не го очекуваше – објасни Жељко.

 

24sata.hr