Oбиен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода – Орце Георгиевски

Вечерва непознати сторители го обиле автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода Орце Георогиевски. Тој на Фејсбук објави фотографија од искршеното возило.

Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни.
Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните🙂
Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот-напиша градоначалникот.

извор: ФБ Орце Георгиевски