Билансот на загинати во земјотресот во Индонезија порасна на 321

0
161

Бројот на загинати во земјотресот што во понеделникот ја погоди Индонезија се искачи на 321, објавија денес медиумите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Околу 14 лица сè уште се водат за исчезнати, објави кинескиот државен медиум CGTN пренесувајќи го соопштението на Националната агенција за управување со катастрофи.

Поради разорниот земјотрес раселени се 73.693 лица, а предизвикана е штета на 56.311 куќи и други објекти, се вели во соопштението.

УНИЦЕФ соопшти дека во земјотресот животот го изгубиле и 100 деца под 15-годишна возраст.

Во понеделникот, земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди гратчето Чианџур во индонезиската провинција Западна Јава.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).