Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик- директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Благојче Трпевски беа на увид на делницата Дреново-Фариш и пробивање на тунел на експресниот пат Дреново-Фариш. Втората делница од овој експресен пат е половина завршена и досега сите рокови се запазени. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.
Северна Македонија денес е во голем инвестициски циклус, целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво, бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, се инвестира во развој на економијата во Северна Македонија.
Во продолжение е интегралниот говор на премиерот Ковачевски:
„Задоволство ми е што со голема динамика се гради експресниот пат кон Прилеп, кој е од голема важност за граѓаните на Пелагонискиот Регион, но и за цела држава. Втората делница од овој експресен пат, е половина завршена, досега сите рокови се запазени. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.
Северна Македонија денес е во голем инвестициски циклус, целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво, бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија.
Повеќе граѓаните нема да чекаат со децении, затоа ги дефиниравме најзначајните инфраструктурни проекти, за кои ќе инсистирам да се завршат во дадениот рок. Патната инфраструктура ја поврзува Северна Македонија и со регионот, а со тоа се создава основа за забрзан економски развој на земјата.
Откако успеавме да ги надминеме сите проблеми што ги носеше автопатот Кичево-Охрид сега градежните активности таму се одвиваат со несмалено темпо, се градат и автопатите Скопје – Блаце, Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола, сета оваа патна инфраструктура ја прави Северна Македонија да е регионално поврзана. Граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките од новата патна инфраструктура, на експресните патишта: Штип – Радовиш, завршена е првата фаза од патот Штип – Крупиште. Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта и Градско – Дреново, Крупиште – Кочани, Ранковце – Крива Паланка. Мојата заложба како премиер е Северна Македонија да биде инфраструктурно поврзана со модерни патишта со цел регион, тоа значи стабилност, тоа значи економски напредок, а само така ќе има квалитетен живот за сите граѓани.
Јас имам јасен план и Владата што ја предводам се држи до него и сите заедно го спроведуваме. Во државата почнаа да се менуваат работите, бидејќи оваа земја има европска перспектива, а граѓаните заслужуваат живот по европски правила и европски стандард”.
извор: Влада