Дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт

Во главниот град на Романија денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, чиј фокус ќе биде на зајакнување на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека учесниците на состанокот во Букурешт ќе посветат најголемо внимание на „илегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евроатлантскиот мир и безбедност“.

Министрите на 30-те членки на НАТО ќе разговараат и за прашањето за приклучување на Шведска и Финска во Алијансата и активностите на Кина, за која Столтенберг рече дека „го зголемува своето присуство од Арктикот до Западен Балкан и се стреми да ја контролира важната инфраструктура на НАТО сојузниците“.

 

 

nezavisen.mk