На 63 годишна возраст почина Годана Стошиќ, долгогодишната новинарка и раководител на повеќе медиумски куќи. Стошиќ беше раководител на телевизија А1, генерална директорка на МРТВ и скопската телевизија Скај нет.
Стошиќ во својот работен век раководеше и на повеќе новинарски проекти, а беше активна и во невладиниот сектор. Голем број млади новинари ја поминаа нејзината школа низ редакциите кои ги раководеше како уредник и главен и одговорен уредник.