(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски исвиркан на турнирот во Струга

Претседателот Стево Пендаровски вчера присуствуваше на ракометниот турнир во Струга, каде го следеше натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и РК Татран Прешов.

Во моментот кога Пендаровски дојде, официјалниот спикер на натпреварот го најави неговото присуство,  по што претседателот на државата беше исвиркан од публиката.

Тој изјави дека ако домаќините на натпреварувањето одлучат, ќе му биде чест да биде покровител на турнирот од следната година.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се слуша коментарот кој го најавува присуството на претседателот, а после тоа следуваа свирежите на струшката публика.

 

think.mk