Пад на акциите на Волстрит поради протестите во Кина

0
121

На Волстрит, цените на акциите паднаа вчера бидејќи инвеститорите стравуваат дека протестите против строгите ограничувања на ковид во Кина би можеле да го забават растот на втората по големина економија во светот. Dow Jones се лизна за 1,45 отсто, на 33.849 поени, додека S&P 500 падна за 1,54 отсто, на 3 963 поени, а индексот Nasdaq падна за 1,58 отсто, на 11 049 поени.

Како и другите големи берзи во светот, Волстрит вчера беше под притисок поради протестите против строгите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на ковид-19 во неколку кинески градови, вклучително и финансискиот центар Шангај, како и дел од главниот град Пекинг.

Бранот на незадоволство беше поттикнат од пожарот што избувна во зграда во главниот град на регионот Ксинџијанг, Урумчи, во кој загинаа десет лица. Гневот на јавноста беше предизвикан од сомнежите дека станарите на зградата не можеле да побегнат навреме бидејќи зградата е делумно затворена.

 

360stepeni.mk