ЕУ во 2021 година увезе производи за обновлива енергија во вредност од 15,2 милијарди eвра

0
150

Европската Унија (ЕУ) минатата година увезе различни производи за обновлива енергија, како ветерна турбина, соларни панели и биогориво, во вредност од 15,2 милијарди евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Евростат ги објави податоците во врска со увезените производи за зелена енергија во 2021 година од страна на земјите членки на ЕУ.

Според нив, ЕУ минатата година од надворешни земји купила соларни панели во вредност од 11,2 милијарди евра, течно биогориво во вредност од 3,4 милијарди евра, и ветерни турбини во вредност од 600 милиони евра.

Во овие рамки, ЕУ минатата година увезе производи за обновлива енергија во вредност од 15,2 милијарди евра.

Исто така, ЕУ во овој период извезе производи за обновлива енергија во вредност од 6,5 милијарди евра.

Европските земји сакаат да ги зголемат инвестициите во областа на обновлива енергија со цел намалување на надворешната енергетска зависност.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).