Левица: Воведена противуставна двојазичност во стопанството на целата територија на Македонија

0
483

Владејачката СДС, слугувајќи на нивниот национал-шовинистички коалиционен партнер ДУИ, продолжува со политики кои го деградираат значењето на македонскиот јазик и го загрозуваат унитарниот карактер на државата, наметнувајќи противуставна обврска трговците во нивното делување задолжително да го употребуваат и албанскиот јазик, велат во својата објава на официјалиот профил од Левица.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.
❌Ова претставува непотребен и несразмерен товар и трошок за микро и малите трговци, но и противуставна обврска за задолжителна употреба на малцински јазик и на приватни субјекти!
❗️За илустрација, мала локална пекара во Берово која продава леб во Малешевскиот регион, согласно новиот закон може да се соочи со парична казна и времена забрана за вршење дејност доколку не ја напише амбалажата на својот производ и на албански јазик.
Ова е уште една во низата девастирачки мерки на владејачкото мнозинство, кое наместо справување со реалните економски и социјални проблеми на граѓаните, дополнително го отежнува работењето на ситните трговци и нивната борба за опстанок наспроти крупниот капитал и бизнис елитите, задоволувајќи ги единствено национал-шовинистичките хирови на ДУИ – кои никако не помагаат на сиромашниот Албанец во Македонија.
〽️Левица во наредниот период ќе иницира измени во Законот за заштита на потрошувачите со цел отстранување на овие противставни и нелогични законски обврски, кои доколку не бидат усвоени од мнозинството во Собранието, ќе бидат оспорени пред Уставниот суд!

извор: ФБ ЛЕВИЦА
фото: Левица