Блокадите на крстосниците од утре се префрлаат само кај Град Скопје

Блокадите на крстосниците од утре се префрлаат само кај Град Скопје. Од 10 часот ќе се дислоцираат автобусите паркирани на крстосниците кај Мавровка и Црвен крист и од таму ќе се упатат на булеварот Илинденска. Ваква одлука донеле приватните превозници на денешниот координативен состанок. Причина за деблокада и префрлање на автобусите од крстосниците на Илиденска, велат е да се направи поголем притисок на Град Скопје кој им должи 1,5 милион евра.

„Бесот сè повеќе се фокусира кон главниот виновник за состојбава – управата на Град Скопје. Не можам да кажам ништо пред време, треба да се состане координативното тело на превозниците, но со оглед на тоа дека сè повеќе се стеснува кругот, сè повеќе аргументи излегуваат на виделина и се надевам дека фокусот ќе биде тука пред управата на Град Скопје. – Колку автобуси има на улиците? – Околу 200“, рече Кемал Муриќ раководител на секторот сообраќај и контола во „Слобода превоз“.

Текстот во целост на: Канал 5