Канал 5: Дали на битолчанец наместо вода во угостителски објект му било дадено корозивно средство?

0
213

Четириесет и две годишен битолчанец кој пред три дена седнал на кафе и кисела вода во кафуле во Битола и заврши во скопска Токсикологија поради тоа што во еден од пијалоците имало корозивно средство, или детергент за чистење, што му ги оштетило желудникот и хранопроводот, се уште е на интензивна нега. Ова во изјава за Канал 5 го потврдува Директорот на Клиниката за токсикологија, Д-р Ридван Бајрами, кој појаснува дека иако органите на пациентот се доста оштетени, засега пациентот во стабилна состојба.

Што точно се случило и како дошло до тоа битолчанецот да проголта корозивно средство истражува полицијата. Од МВР за Канал 5 потврдуваат дека пријава за овој случаи има. Неговата сестра во полиција пријавила дека на битолчанецот му се слошило, откако испил кафе и вода во угостителски објект, по што најпрво бил примен во битолската болница.

 

извор: Канал 5