Грција: Пожар во бегалски камп на островот Лезбос

0
198

Во бегалскиот камп Каратепе на грчкиот остров Лезбос денсе избувна пожар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Четири контејнери во кои престојувале бегалците се неупотребливи по пожарот кој избувна рано утрово, објавија грчките медиуми.

Некои контејнери претрпеле помали оштетувања. Пожарникарите пристигнале на местото на несреќата и брзо го згаснале пожарот.

Се дознава дека за среќа нема загинати ниту повредени во пожарот.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).