Новинарот кој му однесе леб и фискална на премиерот уште и го праша: До кога вашите советници ќе нѐ прашуваат што ќе ве прашаме?

Премиере, недозволиво е ваши советници, ваши луѓе од пи-ар тимот, пред секоја прес-конференција во Владата да нѐ прашуваат нас новинарите, што ќе ве прашаме, кои прашања ќе ви ги поставиме, му порача новинарот Мефаил Исмаили на премиерот Димитар Ковачевски на синоќешната прес-конференција.

-Ние не доаѓаме на прес-конференција само за да држиме микрофони, туку и за да прашаме, а не да бидеме испрашувани, му рече Исмаили, предложувајќи му на премиерот да си ги испрати луѓето од неговите служби на обука за правилно и добро однесување, зошто нивното однесување не може да биде оправдано бидејќи се платени од буџетот, меѓу другото и со парите од новинарите во приватните медиуми.

Тој потоа, на премиерот му однесе спакуван сецкан леб, каков што го купил 10 минути пред прес-конференцијата, со прашање зошто неговата цена не е намалена за најмалку 10 проценти, колку што беа најавите од Владата како резултгат на антикризните мерки.

извор: Република