Во зградата на МРТВ нападнат полицаец – напаѓачот приведен

0
197

Полициски службеник кој извршувал службени дејствија во управните служби во зградата на МРТВ бил нападнат завчера, објави МВР.

Полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода З.К.(38) од Скопје по нападот над полицаецот.

Како што соопшти МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР