На денешната седница на Владата беше разрешена директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска Димоска и на нејзино место го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на ДПИ.
Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот.
На денешната седница, за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, како што е веќе известено, е назначен Зарко Милошевски.
извор: Влада