И оваа недела веб сервисот Ценометар.мк беше на терен низ најголемите маркети во Македонија, и покрај најавувањата од Владата и Министерството за финансии, за смрзнати маржи, забележително беше драстично поскапување кај многу производи!
Едни од најдрастично поскапените производи, во најголемите трговски ланци како КАМ, Стокомак, Рамстор, Тинекс и Кипер се следните:
- Табла јајца 30/1 поскапена од 172 до 225 денари ! Поскапување од околу 40 денари!
- Мало пакување јајца 10/1 – поскапено за 10 денари !
- Говедското свежо месо е поскапено за 80 до 100 денари!
- Свежо пиле – поскапено од 30 до 60 денари по килограм !
- Свеж пилешки стек – поскапен за 30 до 40 денари!
- Замрзнати батаци 10 до 20 денари поскапување !
- Пивата генерално поскапени за над 10 денари по литар!
- Риба ослиќ – поскапена за над 10-15 денари!
- Паштета аргета пилешка – поскапена за 2 денари !
- Брашното или е повлечено од рафтови или е поскапено за отприлика 10 денари зависно од маркет до маркет!
- Маслото за јадење поскапено за 5-10 денари во одредени маркети!
- Овошјето и зеленчукот немаа позначителни промени, но го нема на рафтовите!
Оттука, можеме да заклучиме дека ценовната спирала е без контрола ослободена!
Очигледно, армијата државни службеници, ниту сака, ниту може да ги контролира маркетите, кои во стил на воено профитерство, безмилосно ќарат на македонскиот се-потенок домашен буџет!
Користете го Ценометар.мк и заштедете на храна и секојдневни производи!