Почна судењето против Мухамед Зеќири, тој не се чувствува виновен, Обвинителството тврди дека ќе го докаже товарот

0
155

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот.

Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, објави biznisvesti.mk.

– Обвинетиот Мухамед Зеќири извршувал именувана функција генерален секретар на Влада на Република Северна Македонија и како носител на таква државна фунција го сторил кривичното дело во рамките на кое со умисла, што значи свесно и со своја волева намера, не спровел соодветни постапки за јавни набавки како што истото е предвидено согласно Законот за јавни набавки во Република Северна Македонија, а двете конкретни услуги се однесуваат на вршење на договори за консултантски услуги, рече обвинителката.

Зеќири се товари дека преку овие дејствија го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

Одбраната на обвинетиот Зеќири во своите воведни зборови денеска кажа дека во текот на постапката ќе докаже дека обвинетиот не го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

– Одбраната во текот на постапката ќе докаже дека обвинетито не го сторил кривичното дело кое му се става на товар, дека во неговите дејстивја нема инкриминирачки елемнти и во поглед на законска дозволеност на неговите дејствија што му се става на товар и во поглед на евентуалната штета, рече адвокатот Владимир Андреевски.

Според него, она што го слушнавме како обвинителен акт и во писмена форма и на денешната презентација е, како што рече „полуполитички говор за некакви принципи, цели, и други начелни прашања“.

– А никаде не слушнавме, ниту видовме, која законска одредба е прекршена од страна на обвинетите, односно, каква повреда конкретна и на кој материјален закон е направена за да му се стави на товар, рече тој.

извор: .biznisvesti.mk

фото: biznisvesti.mk