ЗА КУСОГЛЕДОСТА НА МИНИСТЕРКАТА Д-Р БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА
Вчера, Министерството за култура со штуро соопштение на Фејсбук нѐ изненади со добра вест, барем на прв поглед. Со Одлука на Владата од 14.12.2022 година, ќе се формираат три нови Национални институции од областа на културата. Две музички, „Музички театар“ во Тетово, „Битолски камерен оркестар“ во Битола и една музејска установа „Музеј на Смилевскиот конгрес“ во демирхисарското село Смилево. Согласни сме дека треба да се развива културата и културната понуда, но која е вистинската цел за формирањето на новите Национални институции, се вели во објавата на ФБ од Комисија за култура на ВМРО – ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Конкретно, ако се земе предвид дека Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, покрај својата матична постојана поставка, има неколку свои подружници или составни делови во негова надлежност, како: 1) Спомен-куќа на Гоце Делчев, 2) Спомен-куќа на Стив Наумов; 3) Спомен-музеј на Татарчеви во Ресен 4) Спомен-соба на Мустафа Кемал Ататурк и 5) Археолошкиот локалитет Хераклеја, која е оправданоста да се одвои и издигне на национално ниво само едната подружница како Меморијален музеј на Смилевскит конгрес?
Не веруваме дека министерката ја разбира разликата во сложеноста на организациската поставеност на националните и локалните установи, ниту ингеренциите и финансиските имликации кои ги предизвикува разликата помеѓу нив, а уште помалку веруваме дека оваа Одлука е резултат на изборна програма на СДС(М) или на Националната стратегија за култура 2018-2022. Не е направена ниту анализа на пазарот и културните потреби на жителите каде се формираат овие институции, ниту пак одлуката е резултат на систем на валоризација и јавна расправа. Но затоа убедени сме дека ова е направено со „најдобра“ намера да се извлечат предизборни поени макар и во еден ваков дневно-политички манир.Она што јавноста треба да ја заинтересира е:1. Која е оправданоста од трошењето на јавните пари од и онака краткиот буџет во културата, кога најголемиот дел од средствата се одлеваат за комунални и договoрни услуги?2. Како во екот на процесот на децентрализација на културата, ветување со кое СДС(М) дојдоа на власт, се формираат нови национални (централни), наместо децентрализирани (локални) установи кои ќе ги задоволуваат нараснатите културни потреби на граѓаните?
3. Како една иста Влада носи Одлука која е во колизија со нејзина претходна одлука од 88. седница (бр 41-8949/2 од 10.10.2022) во која се задолжуваат буџетските корисници да спроведуваат политика за фискална одржливост и да ги рационализираат и оптимизираат вработувањата во јавниот сектор согласно претходно изготвената функционална анализа, која вели да се намали бројот на систематизирани вработувања!?
4. Која е оправданоста, на веќе постоечките институции од културата да им се скратат 35% од предвидените средства за програмски дејности (со последниот релабалнс на Буџетот), а само два месеци подоцна да се формираат три нови Национални институции во културата?
Знаевте ли д-р Бисера Костадиновска Стојчевска дека единствена оправданост во проширувањето на вработувања во јавниот сектор Вашата Влада дозволува (согласно Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, ставка во 1. Мерки и Препораки за намалување на расходите) само доколку…„станува збор за потреба од зајакнување на институционалните капацитети на патот кон ЕУ или заради реализација на билатерални договори“?!
Оттаму и нашето прашање до Вас е, кое од овие две оправдувања ќе изберете министерке Бисера Костадиновска Стојчевска во интерес на оваа нова одлука?
Дали можеби формирањето национална установа поврзана со историјата токму во период кога Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања (поточно македонската страна) си ги преиспитува сопствените историски точки и личности кои го дефинираат македонскиот идентитет, се обидува да ги редефинира и да најде оправдување пред македонската јавност (т.е. плакнење на совеста), ако воопшто и постои кај вас, манипулирајќи дека СДС(М) се „грижи“ за македонската кауза.Ако некој е веќе докажан културен бренд на Македонија и Битола за да прерасне во национална институција, тоа е секако Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој никако да ја добие шансата да стане национална институција туку и се доверува на една невладина организација со сомнителен и дискутабилен рејтинг како што е Друштвото на филмски професионалци на Македонија – ДФПРМ.
Никој не ги спори културните потреби на граѓаните, особено кога тие се оправдани со општествено-социјални, економски, а не политички потреби на мала група политички елити. Ако ја гледаме економската исплатливост, земајќи ги предвид општествените процеси во Македонија и опкружувањето, формирањето на трите нови институции не укажува на разумен потег.
Колку се чесни намерите на ДУИ и СДС, кои во односот ДУИ ветува – СДС(М) остварува, со злоупотреба на Камерниот оркестар на Битола и Спомен куќата на Смилевскиот конгрес, да се прикрие формирањето на одамна ветениот од ДУИ голем музички комплекс на опера, балет и филхармонија во Тетово овојпат именуван како „Музички театар“ (да непоменеме, театар во Тетово веќе постои), со што се интензивира создавањето на паралелни институции на Албанците во Македонија и тоа со парите на сите даночни обврзници на државата.
Дали станува збор за паралелизам на институции и спроведување на ветувања од штетните билателарни договори, останува да видиме!?
извор: Комисија за култура на ВМРО – ДПМНЕ.