Северна ја снема од говорите на Ковачески и Зечевиќ

На вечерашната трибина во центарот „Борис Трајкоски“ во Скопје, во официјалните обраќања на првиот човек на СДСМ и Премиер Димтиар Ковачески и партискиот секретар Миле Зечевиќ на снема Северна Македонија. Тие во говорите кои им беа напишани, ни еднаш не го употребија официјалното име на државата, кое сега е Република Северна Македонија. Наместо тоа, тие го користеа само зборот Македонија, или европска Македонија, како што го заврши својот говор премиерот Ковачески извикувајќи: Да живее европска Македонија.

ВЛЕГУВАМЕ ЛИ ВО ИЗБОРИ ? ! Соочени со голем пад на рејтингот, ваквото свртување на реториката и целосното не користење на официјалното име државата, за разлика од претходно , кога постојано се нагласуваше Северна Македонија, асоцира дека веројатно СДСМ се подготвува за избори во мај 2023, иако во говорите нагласуваа дека избори ќе има 2024.