Лионел Меси во петиот обид конечно успеа да стигне до титулата светски првак. Капитенот на Аргентина прв го крена највредниот пехар, а еден детаљ привлече посебно внимание.
Додека Меси доаѓаше кон пехарот што требаше да го добие од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, тука беше и еден од главните организатори на турнирот во Катар.
На Меси му беше ставена црна наметка, а многумина се чудеа што е тоа што го носи и не е во дресот на Аргентина. Се работи за традиционална арапска наметка наречена бишт.
Според арапската традиција, бишт се носи за престиж во посебни ситуации, како што се свадби, фестивали или некои позначајни муслимански празници. Тоа е статусна облека која ја носат кралските членови и други влијателни луѓе во религиозна смисла. Традиционално е за сите церемонии во овој дел од светот и очигледно е дека организаторите на Светското првенство во Катар решија да испратат слика од најдобриот играч на Мундијалот токму во традиционалниот арапски дух.