Српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша може рака под рака да се фати со бугарската поп-ѕвезда Азис бидејќи и двајцата многу добро знаат што е вистинскиот шоу-бизнис, а кој тие го создаваат најмногу со скандалите и трачевите. Песните им се тука некаде, како нешто со што го засладуваат целиот тој нивен естраден гламур. Не само дека се многу добри колеги, тие се и одлични пријатели. Минатиот викенд имаа заеднички настап во Швајцарија пред огромен број фанови.
По успешниот концерт не можеа да здивнат од насобраните фоторепортери од најразновидни медиуми и швајцарски и српски и бугарски. Карлеуша не се стегаше да прави секакви лудории, па во еден момент сочно во устата го залапа Азис, кој секако дека со тоа ја прифати нејзината покана за „валкан танц“.
– Уште да го немаше тоа брадиште, целиот ќе те изналапав, вака ќе се изнаголтав влакна, а тоа ме тера на повраќање, му порача откачената Карлеуша на Азис, како и секогаш во својот директен стил на комуникација – „без влакна на јазикот“. Но и Азис не ѝ остана должен на „мала од скандала“.
– Среќен сум што те гледам сестро моја најмила, големата балканска ѕвездо! Ти ги кршиш сите правила на естрадата, ти си икона, од тебе треба сите да учиме како да се однесуваме во шоу-бизнисот, срцепарателно ја испофали Азис популарната пејачка.
Бакнежот помеѓу Азис и Јелена предизвика „хаос“ на социјалните мрежи. Коментарите постојано се редат: „Љубоморна сум на Јелена и јас би го бакнала Азис“, „Тоа е таа спојка на две неверојатни енергии“, „Ви двајцата сте закон за естрадата“, „Браво куклички мои“, „Завидливите пукаат од мака, само така продолжете“, се само мал дел од многуте коментари од нивните обожаватели.
Азис е пејач кој многу сака да снима дуети со пејачките од просторите на поранешна Југославија. После песните со Цеца, Индира Радиќ, Марта Савиќ тој не така одамна сними и песна со контроверзната Северина која се вика „Фалиш ми“.
vecer.press