Глорија Серж (85) настрадала од напад на алигатор кога го шетала своето куче покрај езеро во Форт Пирс, Флорида, а медиумите објавија видео кое го прикажува тој напад.
Стравичната снимка од нападот на крокодилот врз 85-годишната жена прикажува како ѕверот во тишина ја набљудувал неа и нејзиното куче пред да нападне.
Во еден момент, животното излегува од водата и се нафрла на кучето на Глорија. Таа се обидела да го извлече кучето од вилицата на алигаторот, но тој ја зграбил и ја повлекол во езерото.
Целиот напад се одиграл пред очите на нејзината сосетка која избезумено се јавила во Итна помош додека се обидувала да ѝ помогне.
Кучето го преживеало нападот, но Глорија не. Нејзиното тело било подоцна извлечено од езерото, а алигаторот бил фатен и евтанизиран.
Локалните жители рекле дека алигаторот имал свое живеалиште во соседството и го нарекувале Хенри.
Властите на Флорида ги предупредиле жителите да не ги шетаат своите миленици во близина на езерата во таа област.
Серж е трета жртва која настрадала од напад на алигатор на Флорида од минатиот јули.
tocka.mk