И денеска дојави за бомби во 16 скопски училишта

0
117

Продолжуваат дојавите за наводно поставени бомби низ скопските училишта, па така утрово пристигнале закани на електронските адреси на 16 училишта.

Утрово во 09.30 часот пристигнала закана до 16 училишта, по што полициски службеници се излезени на терен и се евакуираат учениците.

Исто така, ќе се извршат и антитерористички проверки, по што се очекува соопштение од МВР.

 

извор: МВР