(ВИДЕО) Осум тинејџерки со ножеви усмртиле бездомик – Најмалата имала само 13 години

0
346

Осум тинејџерки, на возраст меѓу 13 и 16 години, се обвинети за убиство од небрежност, откако до смрт изболе бездомник на улиците во Торонто, Канада, пишува „Дејли мејл“. Девојките со нож го нападнале 59-годишниот Кени во неделата рано наутро.

Детективот Тери Браун од Полициската единица за убиства во Торонто вели дека девојките не го познавале човекот, туку дека само сакале да украдат шише со алкохол од него.

Очевидец рекол дека во моментот на нападот, кој се случил на раскрсницата на Универзитетската авенија и улицата Јорк, Кени бил во друштво со пријателка.

Тие седеа на клупа, пиеја и пушеа цигара, кога дојдоа тинејџерките и се обидоа да го украдат малото шише со алкохол од Кени. По нападот ги видов како стојат до влезот во метрото, се расправаа и врескаа, раскажал тој.

Еден полицаец им рекол на новинарите дека девојките се однесувале „како диви животни“.

Детективот Браун додал дека дури и полицијата била шокирана од злосторството.

Во полицијата сум речиси 35 години и мислев дека сум видел сè. Некој кој не е шокиран од вакво нешто веројатно веќе кренал раце. Осум млади девојки, не постари од 16 години. Ако тоа не го сметаме за алармантно и шокантно, тогаш сите сме во голема неволја, рече тој.

Некои од девојките правеле проблеми и претходно истата вечер. Тој не сакаше да открие повеќе детали, но потврди дека девојките кои живеат на различни места во градот и одат во различни училишта се запознале преку социјалните мрежи.

видео: TWITTER